Објавено на:

(Видео) Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на US Open

t

Носителот на рекордни 24 титули од Гренд слем турнирите, Новак Ѓоковиќ, испадна уште во првото коло на US Open. Сензацијата на стартот во Њујорк ја приреди Аргентинецот Маријано Навоне, кој направи пресврт во пет сета против српската легенда, славејќи со 7:6 (5), 5:7, 4:6, 6:2, 6:1.

Мечот на централниот терен „Артур Еш“ траеше 4 часа и 40 минути, што беше еден од факторите кои влијаеја врз исходот. Кон крајот, 39-годишниот ветеран од Белград веќе очигледно немаше сили против 14 години помладиот противник. Од друга страна, јужноамериканецот уште од почетокот покажа дека храбро ќе му се спротивстави на познатиот противник, освојувајќи го првиот сет откако губеше со 0:3 и 1:4 во гемови.

Поразот на четвртиот носител Ѓоковиќ може да се смета за историски пресврт во кариерата на еден од најголемите тенисери на сите времиња. Досега тој само двапати испаѓал во првото коло на Гренд слем турнир – при првите две учества на Австралија опен во 2005 и 2006 година.

На УС Опен, најрано испаѓал во третото коло – во 2005, 2006 и 2024 година. Во својата колекција поранешниот број 1 во светот има четири титули на „Флешинг Медоус“ – во 2011, 2015, 2018 и 2023 година.

Минатата сезона Ѓоковиќ стигна до полуфиналето во Њујорк, поради што сега ќе загуби 790 поени на АТП-листата и ќе испадне од Топ 10. На актуелната ранг-листа Србинот падна за шест позиции, од петтото на 11. место, а во следните две недели, до крајот на турнирот, има шанса да го престигнат уште најмалку десетина тенисери.

Благодарение на големата победа, Навоне моментално напредува за седум места и се искачува на 42. позиција на АТП-листата. Во второто коло, 25-годишниот Аргентинец ќе игра против Матео Беретини или против Стан Вавринка, кој настапува со „вајлд-карта“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОЛЕ МУ СЕ ЈАВИЛ НА ВУЧИЌ ПРЕД…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување…

Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…

Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…

„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…