(Видео) Ѓоковиќ: Кога ќе дојде тајбрејк, си поигрувам ментално со противниците!
Новак Ѓоковиќ синоќа се пласира во третото коло од Вимблдон, совладувајќи го Австралиецот Џордан Томпсон во три сета, откако претходно, во првото беше подобар од Педро Качин од Аргентина исто така со 3-0. Она што е заедничко и за двата меча е дека и во двата имаше по еден тајбрејк. По триумфот над Томпсон, Ѓоковиќ коментираше за таа своја доминација во овој елемент од тениската игра.
Во изјава за „Спортклуб“, новинарот Небојша Вишковиќ го праша како тоа е различно „кодиран“ од другите, па толку добро игра во тајбрејковите, кои се специфичен и посебен дел од мечевите. Просторот за грешка е помал, а токму тогаш Ѓоковиќ е најсилен, за што говори и неговата изјава по епското финале со Федерер во 2019 година (7-6, 1-6, 7-6, 6-4, 13-12), кога рече „само чекав да дојде тајбрејк“, опишувајќи го последниот легендарен сет.
„Не можам да кажам дека не се радувам на тајбрејковите, се радувам. Секако дека сакам да ја завршам работата и претходно, но кога ќе влезам во тајбрејк секако дека јас сум свесен, а и моите противници се свесни за мојот скор во тајбрејковите и знаат дека јас, најверојатно, ќе го кренам нивото на игра. Она што е интересно е дека и во двата меча годинава, мислам дека при првиот или вториот поен и двајцата противници направија двојна сервис грешка. Тоа говори дека чувствуваат притисок во тие моменти, бидејќи во тајбрејкот секој поен знае да направи голема разлика. Ако го промашат првиот сервис, јас уште малку ќе ги притиснам, ќе ја променам позицијата…така си поигрувам ментално со нив. Тоа е таа ситуација, но од друга страна колку повеќе победувате во тајбрејк, толку сте поудобни во него“, изјави Ѓоковиќ.
И навистина, Качин го прокоцка првиот сервис во тајбрејкот поради двоја сервис-грешка, Томпсон вториот, за Ѓоковиќ да дојде до супериорен скор од 17-4 во тајбрејковите во 2023 година, што претставува околлу 80 проценти успешност. Во кариерата има околу 66 проценти ефикасност, 310 добиени и 162 загубени, што е некаде на нивото и на кариерниот биланс и на Роџер Федерер 466-247 (65,4%).
Меѓутоа, во скрот на цела кариера влегуваат и раните години на Ѓоковиќ, во кои не доаѓаше до израз менталната сила која го краси во подоцнежната фаза. За илустрација, во 51 меч против Федерер (28-23), одиграле 28 тајбрејка, а Новак добил 16 од нив. Меѓутоа, Федерер последниот тајбрејк против Србинот го освоил дури во 2015 година и оттогаш е 6-0 за Ѓоковиќ.
Во третото коло, Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од Вавринка – Ечевери.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…
Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…
Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…
Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…
Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…
Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…
МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…