Објавено на:

(Видео) Ѓоковиќ убедливо го совлада Алекс Де Минор и се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен

t

Новак Ѓоковиќ крајно убедливо го совлада Алекс Де Минор со 3:0 (6:2, 6:1, 6:2) на „Род Лејвер Арена“ и се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен. Српскиот тенисер го одигра својот најдобар меч на турнирот во осминафиналето. Следен противник ќе му биде Русинот Андреј Рубљев, а тој дуел е закажан за во среда.

Ова беше прв дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Алекс Де Минор.

Новак во кариерата освои 92 турнири, вклучувајќи 21 Грен слем трофеј, Алекс освои само шест титули во кариерата.

Најдобриот српски тенисер на турнирот досега ги победи Роберто Карбаљес Баена со 3:0, Енцо Куако 3:1 и Григор Димитров со 3:0 и се пласираше во втората натпреварувачка недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…

Ѓоковиќ: Едвај се спасив – ме давеше…

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се…

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во…

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го…

Српскиот патријарх ги крстеше децата на Новак…

Фотографиите на социјалните мрежи ги објави протосингелот…

Надал: Федерер го достигна највисокото ниво, но…

Тони Надал беше составен дел од огромен…