(Видео) Јакимовски: Амбасадорите “да ја затворат устата” за македонското судство, изборот на судии да се врати во Парламентот
Амбасадорите не смеат да се мешаат во работата на македонското судство, нагласи во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
-Мислам дека најдобро е тие да ја затворат устата за судството, со тоа судство тие власт менуваа, не мачеа, малтретираа народ, апсеа и слично.
Сега кога судиите си ја работат работата не чинат. Гледате колку врева се крена за новиот обвинител Абази, затоа што не го избрале, вели Јакимовски.
Тој истакна дека претседателот Пендаровски наместо да застане во одбрана на македонското судство и македонскиот народ, тој го оправда австрискиот амбасадор кој побара промена на судии и обвинители во случај мешу две правни лица, едното од Македонија, другото од Австрија.
– Јас сум да се врати изборот на судии во Парламентот, ова што Западот ни го насади во Македонија очигледно и тие немаат доверба во тоа, вели Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…