(Видео) Јакимовски до Османи: Моето однесување е вистински европско, за разлика од Вашето кое е само деклатаривно!

t

Заложбите можеби ви се европски, но однесувањето ви е балканско, му порача претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски на неговиот противкандидат од ДУИ, Бујар Османи.

– Јас имам и една порака и до господинот Бујар Османи, многу често го слушам дека тој бил европски форнт и така натаму. Господине Османи, можеби фронтот ви е европски, можеби замислата ви е европска, меѓутоа однесувањето ви е балканско, особено при практицирање на власта во Република Македонија. Се однесувате крајно балкански, неодговорно, играте фудбал по канцелариите, се тепате по канцелариите, голем дел од вашите функционери на несоодветен начин ја практицираат својата функција, што значи дека вашите европски заложби се само декларативни, а во практика ниту малку не придонесувате за развој на функционалното работење на администрацијата во Република Македонија. Напротив, на таков начин само вршите уназадување на функциите на јавната и на државната администрација и сите оние ваши декларативни заложби за европска Македонија се само обична декларација, а во практика претставуваат нешто сосема друго.

За разлика од вас јас на своето работно место се однесувам европски, на своето работно место се однесувам демократски, никој не е рекетиран, никој не  е корумпиран, на секој граѓанин му се посветува максимално внимание и моите служби за разлика од вашите функционираат без да треба било кој и било кому да баци рака.
Ете тоа е вистинско европско однесување за разлика од вашето кое е само декларативно. – вели Јакимовски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…