(Видео) Јакимовски до Силјановска и Пендаровски: Од дебата можете да избегате, од народот не!

t

Можете да бегате од дебати со мене, но нема да избегате од народот, вели претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски денеска од Крива Паланка.

– Ова се срамни денови за македонската демократија каде претседателските кандидати сметајќи се себе за некакви фаворити, односно за продолжена рака од нивните партии, очигледно со недоволно аргументација и недоволно познавање на материјата за којашто треба да разговараме, а тоа е за улогата на Претседателот во Република Македонија и во развојот на Република Македонија, тие немаат сили да се соочат со аргументите на своите противкандидати.
Очигледно дека тие не се во состојба да воспостават дијалог со своите политички конкуренти, коишто гледате дека не се тепаме, ниту навредуваме, напротив само сакаме аргументирано да разговараме. Епа како ќе бидат претседатели, како ќе воспостават дијалог меѓу власт и опозиција, како ќе воспостават дијалог за клучни прашања во Република Македонија, ако не се спремни да водат дијалог со своите противкандидати?

Она што јас имам да им порачам е дека вие можете да се скриете од дебатите, но од граѓаните на Република Македонија нема да се скриете. Тоа што госпоѓата Силјановска научила да ни кажува како лекции и кадешто мора да ја слушаат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои буквално ги приведуваат на нивните митинзи, не дава за право да се смета дека е апсолутен фаворит. Напротив, сметам дека нејзините теоретски познавања треба заеднички да ги соочиме и граѓаните да видат кој е кој во македонската политика односно кој разбира и внатрешна и надворешна политика, кој знае геополитика, геостратегија и така натаму. – вели Јакимовски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…