(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како Бугарија „ќе пие кафе“ кога ќе се гласа за Македонија

t

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе биде да разговараме за јазикот и тоа е трикот кој ни го прави Ковачевски, дека македонскиот јазик е признат во ЕУ. Бугарите велат имате јазик ама е наречје на бугарскиот, вели во вчерашното гостување во „360 степени“ претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

– Мора да се смени пристапот, ЕУ ќе си најде начин како Бугарите да пијат кафе кога ќе се гласа за Македонија, вели Јакимовски кој додава дека Македонија мора да престане да попушта бидејќи сме пример за попусливост во соседна Србија, а тоа се одразува и во целиот свет.

– Не преговараме за идентитетските прашања! Тие сакаат да прифатиме дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и дека сме нација од 1944 година. Ако овие две прашања се решат, може комисијата да разговара за идентитетот на некои револуционери но тоа не може да биде услов за членство во ЕУ. Јас ова го кажав и на лидерската средба и сите наведнаа глава и Ковачевки и Џафери и сите, вели Јакимовски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…

Јотова победи кај Бугарите во Македонија

Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…

Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…

Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…

Јотова ја слави победата на претседателските избори…

Илијана Јотова по изборната победа им се…