(Видео) Јакимовски: Кандидатите за пратеници на „Храбро за Македонија“ се угледни луѓе од сите сфери на општеството и вистински репрезенти на граѓаните!
Коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе се залага за реформа на образованието, реформа на здравството и реформа на државната администрација, истакна денеска на прес-конференција лидерот на ГРОМ и кандидат за шеф на државата, Стевчо Јакимовски.
– Коалицијата „Храбро за Македонија“ ја поднесува оваа листа во која учествуваат Граѓанската опција за Македонија, Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите.
Ние сега имавме Централен одбор на којшто без било каква забелешка, едногласно беше усвоена оваа листа и во исто време сакаме да кажеме дека ја предаваме оваа листа во којашто имаме и доктори на науки и угледни доктори, имаме хирурзи, луѓе од различни области кои можат да бидат вистински репрезенти на граѓаните од нивните средини.
Она за што овие шест листи ќе се залагаат за реформа на образованието, реформа на здравството и реформа на јавната администрација! – вели Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…