(Видео) Јакимовски: Коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе се спротивстави на на предавствата и уставните измени!
Коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе се спротивстави на несоодветните политики во Република Македонија, на уставните измени и на предавствата, истакна на прес-конференција претседателскиот кандидат и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
– Коалицијата „Храбро за Македонија“ се формира со цел да се спротивстави на двете несоодветни политики во Република Македонија, како на овие што се внатре така и на оние што oд надвор постојано вршат притисок, пред сè на политиката што е спремна сè да предаде само да остане на власт, но во исто време и на политиката што исто така е спремна да предаде, но тоа да биде после изборите и ако може да биде со одложено дејство. Оваа коалиција се формира за јасно да кажеме дека нема да поддржиме ниту уставни промени, ниту притисоци, ниту уцени – ниту пред, ниту по избори и остануваме цврсто на ставот за разрешување на оние проблеми што вештачки се наметнуваат од страна на нашите партнери. – рече Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…