(Видео) Јакимовски: Конкретни мерки за подобрување на животот на пензионерите! 

t

-Состојбата кај пензионерите ни е во катастрофална состојба, статистиката вели дека 17 проценти од пензионерите примаат пензија помала од 13 илјади денари, а дури 47 проценти од пензионерите земаат пензија помала од 16 илјади денари, истакна на денешната прес-конференција претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

– Тоа значи дека скоро половина од пензионерите се под еден нужен минимум кој овозможува нормално функционирање на еден пензионер, односно на едно пензионерско семејство. Ние во пензискиот систем не смееме да чепкаме, пензискиот систем треба да го чуваме како очите во главата затоа што ако кај него направиме дупки и погрешни политики тоа значи дека за 20-тина години нема да можеме да ги исплаќаме пензиите, но затоа на пензионерите може да им се интервенира со мерките на социјалната политика, а тоа значи ниту еден пензионер во Република Македонија, односно ниту едно пензионерско семејство не смее да има помалку од 25 илјади денари.
Тоа значи ако едно семејство има 18 илјади денари пензија до 25 илјади денари од социјалната политика, од социјалната заштита ќе добиваат уште 7 илјади денари  до 25 илјади денари. Ако во меѓувреме вториот член од пензионерското семејство станува пензионер и тој сега има пензија која што е 15-20 илјади денари тоа значи дека овие 7 илјади денари ќе бидат дадени на некој друг, а веќе ова пензионерско семејство има 37-8 илјади денари.

Со овие мерки сакаме драстично да го подобриме животот на пензионерите, да се овозможи на секое пензионерско семејство нормално да функционира. Зимно време да може нормално да ја згрее собата во која живее, да обезбеди лекови за себе за својот сопруг или сопруга, но во исто време да може да ги подмири сите трошоци за живот на едно пензионерско семејство.

За жал највисоките пензии во Република Македонија од 45 илјади до 60 илјади денари имаме само 1560 пензионери, а до пред некоја година беа преку 3 илјади пензионери. Што значи дека се повеќе бројот на пензионерите кои што имаат повисоки пензии и можат да си овозможат нормално функционирање на нивното пензионерско семејство се се помалку и се повеќе граѓаните преоѓаат во овој дел каде што се под егзистенционален минимум пензионерски што значи дека со мерките на социјалната политика, ние секое пензионерско семејство ќе го обезбедиме да има над 25 илјади денари приход. – истакна Јакимовски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…