(Видео) Јакимовски: Лукровски применува „шопинг терапија“ додека е „на боледување“
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Ствечо Јакимовски, денес на прес-конференција истакна дека неговиот наследник Сотир Лукровски, кој според официјалните информации е на боледување веќе 20 дена, бил забележан како пазари во Сити Мол и околни маркети, а до овој момент не оди на работа.
Лукровски претходно ги пренесе овластувањата на неговиот заменик градоначалник, Неделчо Крстевски.
Јакимовски истакна дека Сити Мол е на 300 метри од работното место на Сотир Лукровски, но и дека тој не оди на работа затоа што е болен, но не е болен за да оди на шопинг.
Сето ова го плаќаат граѓаните на Крпош, нагласи Јакимовски и побара одговорност.
Целата прес-конференција во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандализирано детско игралиште во Карпош 1
За жал, повторно сме сведоци на вандализам…
Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…
Од МВР информираа дека е расчистен случајот…
Без струја делови од Карпош, Центар и…
Без електрична енергија денеска ќе останат делови…
Мајка нападнала дете во игротека во Карпош
На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…
СДСМ бара вонредна седница на Советот на…
„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…