(Видео) Јакимовски: Максим Димитриевски им се придружи на ДУИ, Алијанса, Алтернатива, заедно со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ му нудат на македонскиот народ ужас без крај!

t

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски денеска од Крушево уште еднаш нагласи дека не се согласува со уставните измени со цел внесување на Бугарите во македонскиот Устав. Максим Димитриевски, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ му нудат на македонскиот народ ужас без крај, вели Јакимовски.

– Оваа кампања конечно проработи како што треба и добива на својата динамика и практично паѓа првата маска. Првата маска паѓа со изјавата на господинот Максим Димитриевски дека по парламентарните избори, 200 дена потоа е подготвен да гласа за промена на Уставот на Република Македонија и внесување на Бугарите во Уставот но со одложено дејствие.

Тоа е потполно ист став како што го има ВМРО-ДПМНЕ. Ниту за една буква изменет. Ова само уште еднаш покажува дека господинот Димитриевски и неговата ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во предизборна коалиција, меѓутоа дури вчера ја обзнанија.

Со тоа што ќе предложат да Уставот се промени сега, ама да дејствува кога ќе влегуваме во Европската унија, се однесуваат како клетва. Клетвата да не стигне сега, ама да стигне малку подоцна.

Господинот Димитриевски ја даде таа изјава и тоа што го кажува овде, пред „Македониумот“ во Крушево, сакајќи да го понижи македонскиот народ и не може натаму да глуми патриот, таа изјава требаше да оди да ја даде таму, во Софија, во „столицата“ на истата емисија, на истата телевизија, ќе го пречекаа и ќе го испратеа и ќе го „почерпеа“ Бугарите онака како што треба за таква изјава.

Ние не можеме да се сложиме со таа работа, затоа што тоа што тие ни го нудат е практично обезличување на македонскиот граѓанин на рати, не сега, но постепено и слично на изјавата на Питу Гули кога Никола Карев му вели „да се повлечеме Питу, затоа што ова ќе биде ужасен крај“, а тој му вели „подобро ужасен крај, отколку ужас без крај!“.

Тоа што Максим Димитриевски, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го нудат на македонскиот народ е ужас без крај. Сега да го смениме Уставот, а потоа да прифатиме дека сме народ од 1944 година, а потоа да прифатиме дека нашиот јазик е наречје на бугарскиот јазик, а потоа да прифатиме дека нашите револуционери, вклучувајќи го и Гоце Делчев, дека не биле Македонци по род. Јас само сакам да им кажам дека Илинденското востание, имале замешано прсти и Бугарите со тоа што велеле дека тие ќе пружат помош и велеле дека само ако се крене востанието во Македонија, како што тие викаат, тие ќе испратат „100.000 штикови“. Со прст не мрднале, ниту било каква нота испратиле до било која светска амбасада за теророт што потоа се случува врз недолжното македонско население, кадешто се убивале жени, деца, старци, се силувале жени, се палеле куќи, се однесувал имотот, стоката и така натаму…

Значи воопшто нема пружено помош Бугарија како држава која била држава и која сакала да му помогне на овој народ. Дури и Англичаните формираа посебен совет за да се утврди што се случува по Илинденското востание овде во Република Македонија.

Интересно е дека почнува да се групира таа група од оние партии коишто велат дека ние не правиме Влада со оние што не се подготвени да го променат Уставот. Сите тие што се плашат да не дојдат на „црна листа“ да ми прават друштво, сега пред време викаат еве ние ќе гласаме за Уставот како што ќе кажат Американците само да не нѐ стават на црна листа и само да можеме да продолжиме да си правиме тоа што сакаме.

Со ова господинот Димитриевски им се приклучува на ДУИ, Алијанса и Алтернатива и нивните ставови дека и тој ќе поддржи промена на Уставот на Република Македонија, внесување на Бугарите во Уставот, а јас му гарантирам дека кога ќе се отвори Уставот уште повеќе ќе настрадаат Македонците со тоа што ќе има и други уставни промени во кои сѐ повеќе ќе се поткусурува македонскиот народ како монета. – истакна Јакимовски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ибраимоски и Глигорова од Крушево: Конкретни…

Носителот на пратеничката листа во ИЕ 5…

Пендаровски од Крушево: Ќе победиме, за бојкот…

Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски…

(Видео) Јакимовски: Максим Димитриевски им се придружи…

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски денеска од Крушево…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…