(Видео) Јакимовски наброи: Кои проекти требаше, а не се завршени во првите сто дена во Карпош?
Ако победев на локалните избори, денес немаше да броиме 100 дена, ќе броевме завршени проекти, вели во објава на Фејсбук поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој наброи кои проекти требало да бидат готови во првите сто дена, а во моментов не се.
– Градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 1 веќе ќе беше вселена.
„Пролет“ кај Канела ќе беше во завршна фаза – а децата на 1 мај ќе влегуваа во нов простор, не во ветувања.
Спортската сала во ООУ „Димов Хаџи Димов“?
На 8 март ќе сечевме лента.
Улиците Петар Чаулев, Козле 3, Софиска, Џумајска, Јуриј Гагарин, Загребска, Атинска, Бранислав Нушиќ, Трифун Бузев – ќе беа завршени.
Канализациите во Бардовци и на Ловќенска ќе беа решени.
Потпорниот ѕид на Загребска ќе беше безбеден, а не тема за оправдувања.
Проектите за катни гаражи во Карпош 1 и Карпош 2 ќе беа готови, со распишани тендери.
Значи, не е прашањето во деновите.
Прашањето е во посветеноста.
Кој знае – прави.
Кој не знае – брои.
А денот се познава по утрото.
Како што почнаа овие 100 дена – така ќе изгледаат и следните 1.000. – вели Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…
Од МВР информираа дека е расчистен случајот…
Без струја делови од Карпош, Центар и…
Без електрична енергија денеска ќе останат делови…
Мајка нападнала дете во игротека во Карпош
На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…
СДСМ бара вонредна седница на Советот на…
„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…
(Видео) Ако Лукровски не може, не знае…
Ако Стори Лукровски не може, не знае…