(Видео) Јакимовски од Гостивар: Сите кои поддржувате промена на Уставот, одговорете им на граѓаните дали Македонците се нација од 1944 година?!
Претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски, денеска оствари средба со граѓаните на Гостивар.
Иселувањето е главен проблем и во Гостивар, како и во цела Македонија, заклучи Јакимовски кој порача дека младите се иселуваат затоа што не сакаат нивните званичници да виткаат кичма, како што тоа го правеа досега.
Дополнително, уште еднаш нагласи дека е за продолжување на интегративните процеси на Македонија, но истовремено македонските граѓани сакаат да живеат во нормална и просперитетна држава.



– „Далеку од тоа дека ние не сме за интегративни процеси, напротив ги поддржуваме, но во исто време ние сакаме нормален развој, како секоја нормална држава и ние сакаме респект кон Република Македонија и кон нејзините граѓани, како што тоа доликува на секој народ.
Не може на македонските граѓани сѐ да им се наоѓаат нови и нови причини и нови и нови пречки за да се опструира нашиот влез во Европската унија.“ – истакна Јакимовски.


Јакимовски порача дека е против внесување на Бугарите во македонскиот Устав и постави три прашања до сите политичари и претседателски кандидати кои велат дека ќе поддржат уставни измени.



– „Јас само сакам да го прашам и господинот Димитриевски и сите кои предлагаат промена на Уставот за влез на Бугарите во Уставот, но со одложено дејствување. Кажете им на граѓаните, дали Македонците се нација од 1944 година, дали македонскиот јазик е нарчеје на бугарскиот јазик и дали Гоце Делчев, Јане Сандански и другите македонски дејци, Димо Хаџи Димов и така натаму, се македонски дејци или се Бугари по род како што тоа го тврди бугарската историографија?“ – праша Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Малолетник натепан од мајка му и сестра…
Гостиварчанка пријавила во полиција физички напад врз…
Сиљановска: Рекордери сме во уставни измени, уставот…
По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот,…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…