(Видео) Јакимовски открива: За еден од објектите за кои ми судат постапката за легализација ја водеше Тошковски
Пресудата за легализација на четири објекти покрај „Илинденска“ е политичка, оцени денеска на прес-конференција, градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во врска со судскиот предмет за кој беше осуден на казна затвор.
Јакимовски претстави, како што рече, уште еден доказ за невиност во осудителната пресуда. Овие докази, нагласи, се однесуваат на постапката водена за легализација на четирите објекти што се наоѓаат покрај „Илинденска”.
– Интересно е што легализацијата на еден од овие објекти ја водел како полномошник адвокат Панче Тошковски. Натаму, значи урбанистичката согласност овде гледате ја подигнал адвокат Панче Тошковски. Интересно и натаму што е, на пресметката на комуналиите значи, документите потоа одат во Град Скопје, потпишан Александар Јанакиески. Тој е сега раководител на сектор за урбанизам во Гази Баба. Претходно бил раководител на сектор за урбанизам во Град Скопје, а претходно раководител на сектор во Општина Центар. Господинот адвокат сега министер Панче Тошковски, не го потенцирам за да го инкриминирам. Напротив, сакам да кажам дека ја познава одлично оваа материја. Тој не би поднел барање за легализација како полномошник на сопственикот, од причини што Тошковски заедно со Миле Јанакиески учествуваше во тимот што го изготвуваше законот за легализација, истакна Јакимовски.
Притоа подвлече дека она што било најинтересно, било тоа што полномошникот Тошковски имал доставено изјава заверена на нотар, од страна на сопственикот на објектот, дека објектот го поседува повеќе од дваесет години и дека објектот бил дивоградба.
Кривичен пресуди – три ипол години казна затвор за градоначалникот на Карпош. Прогласен е виновен за изградбата на административната зграда на општината, односно за крвичните дела бесправно градење и злоупотреба на службената положба. Во изречената казна на обвинетиот му се пресметува и времето поминато во куќен притвор. Дополнително, со одлука на судот, изградениот објект на Општина Карпош на улица „Радика“ се одзема во корист на државата.
Пресудата не е правосилна и Јакимовски најави жалба до Апелација. Тврдеше дека се води хајка против него поради тоа што е еден од поквалитетните кадри во државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Син ја нападнал мајка си во тетовско
24-годишно момче е приведено во Тетово откако неговата…
15.000 потписи за електронски алки за насилниците…
Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
Нафтата падна на најниско ниво од август…
Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…