(Видео) Јакимовски: Симптоматично е што предметот “Делчевски ниви” паѓа веднаш по измените на Кривичниот законик – Што сѐ е дел од “пакетот”?

t

Симптоматично е што предметот “Делчевски ниви” паѓа веднаш по измените на Кривичниот законик и прашање е што сѐ друго е дел од “пакетот”, вели во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

– ВМРО-ДПМНЕ толку плукаа по измените на Кривичниот законик кој најмногу им користи на нивни членови. Зошто само се плука?

Што е проблемот да се каже дека Ковачевски е друг тип, ги релаксира односите, не пролеа зла крв. Што е проблем да се пофалат измените на Кривичниот законик кога најголема корист имаат членови на ВМРО-ДПМНЕ?

Зошто се некоректни? Ме читате негде мене на тој список кој има корист од измените на КЗ?

353 мораше да претрпи измени и тоа го притискаа и странците и сите, тоа беше член за класичен прогон. Луѓе признаваат кривични дела затоа што немаат пари да платат адвокати.

Зошто ќутат сите? Јакимовски предложи да се укинат урбанистичките планови бидејќи се голем извор на корупција, ќе тргнеме еден важен сегмент од криминалот, ќутат сите… – вели Јакимовски.

Детали за “Делчевски ниви” прочитајте на линкот во продолжение:

Емисијата следете ја во живо во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најскапите ниви во Европа се на Малта,…

На ниво на Европската Унија, цената на…

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…