(Видео) Јакимовски: Ставаме крај на партизацијата во Република Македонија!

t

Ставаме крај на партизацијата во Република Македонија, истакна вчера претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски во изјава за медиумите од Кичево.

– Одговорно тврдам, како претседател на Република Македонија, дека во безбедносните служби, поготово во Агенцијата за разузнавање, нема шанси веќе да влезе лице коешто има било каков контакт со било која политичка партија. Во исто време тврдам дека началник на Генералштаб нема шанси да биде лице блиско до било која политичка партија, ниту пак Гувернер на Народна банка да биде лице коешто е блиско до било која политичка партија во Република Македонија.

Следствено за тоа и лицата коишто ќе бидат предлагани за во Републички Судски совет, како и во Советот за безбедност, како и судиите коишто ќе бидат предгалани во Уставниот суд на Република Македонија, нема шанси да бидат предложени од мене како претседател на Република Македонија, да предлагам лица, блиски до било која политичка партија, вклучително и до мојата партија или пак до мојата коалиција.

Значи сите овие лица, во Агенција за разузнавање, во Републички Судски совет, во сите останати институции кадешто претседателот на државата е ги предлага, или ги назначува, ќе бидат исклучиво лица кои немаат било каков контакт со партиите. Значи на сите ни е преку глава од партизацијата, на сите ни е преку глава од политички поделеното општество.

Јас сакам да бидам претседател на сите граѓани на Република Македонија и широко да ги отворам вратите за оние кадри кои сакаат да ѝ служат на Република Македонија и сите граѓани, а не на политичките партии. – рече Јакимовски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…