(Видео) Јакимовски: Јас сум прво за македонска, а потоа за европска перспектива, мојот концепт е инвестиции во Македонија!
Каде пишува дека само европската перспектива е перспектива? Јас сум прво за македонска, а потоа за европска перспектива. – вели во вчерашното гостување во ТВ Телма кандидатот за претседател на државата, Стевчо Јакимовски.
– Може ли некој да одговори зошто ние немаме ниту еден инвеститор од Саудиска Арабија, од Катар, од Либан, од Блискиот Исток, а сите тие ги има во европските земји. Како може да има руски инвестиции во Грција, земја членка на НАТО и на ЕУ, а за Македонија тоа се проблематизира. Не алудирам на Русија, за било кој инвеститор е исто.
Ајде да ги отвориме вратите за инвеститори во Република Македонија, но претходно дајте да направиме 50 милијарди евра инвестиции во делот на транспорт, во делот на енергетиката, железницата, туризмот.
Македонската економија треа да биде отворена за инвестирање, овој народ мора од нешто да живее. Ако нивната европска политика е да одиме таму и да им ги чистиме улциите, јас не сум за таква политика, ако здружувањето со нив значи да отвора повеќе перспективи за младите овде во Република Македонија, тогаш сум за.
Мојот концепт е овде инвестиции, големи инвеститори во Македонија, ако се отворат инвестиции во енергетиката, патната инфраструктура, железница, тука ќе има работа за сите нас, нема потреба да одиме никаде, вели Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…