Објавено на:

(Видео) Јапонија планира да фрли еден милион тони нуклеарен отпад во океанот

t

Тим на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) пристигна во Јапонија за да разговара за нејзиниот план да испушти во морето третиран нуклеарен отпад од оштетената нуклеарна централа „Фукушима“, пренесува Агенција Анадолија.

Работната група на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) се сретна со претставниците на Министерството за економија на Јапонија, Министерството за трговија и индустрија, Министерството за надворешни работи и компанијата задолжена за операциите на централата, објави „Кјодо њуз“ денес.

„Работната група ќе го спроведе прегледот на објективен, кредибилен и научен начин и ќе помогне да се испрати порака за транспарентност и доверба до жителите на Јапонија и пошироко“, рече Густаво Карузо, директор и координатор во Одделот за нуклеарна безбедност и сигурност на ИАЕА.

Во соопштението објавено пред патувањето ИАЕА најави дека тимот ќе остане до петок за да одржи технички разговори и да го посети местото на централата „Фукушима“.

Јапонија минатиот април објави дека планира да го испушта нуклеарниот отпад во морето во текот на две години, што предизвика огромни критики од Кина, Јужна Кореја, Северна Кореја, Тајван и меѓународните тела, вклучително и Обединетите нации (ОН).

Меѓутоа, САД го поддржаа предлогот на Јапонија, што настапи по долгогодишни разговори за тоа како да се ослободи од над 1 милион тони вода акумулирана во нуклеарниот комплекс „Фукушима“ од топењето предизвикано од огромниот земјотрес и цунамито во март 2011 година.

„Јапонија сака ИАЕА да спроведе строга и транспарентна проценка“, рече Кеичи Јумото од Министерството за индустрија.

„Од клучно значење е да се добие проценка од објективно меѓународно тело, бидејќи постои загриженост за безбедноста кај јавноста во врска со планирањето за испуштање на третираната вода“.

Според ИАЕА, работната група испратена во Јапонија вклучува персонал од различни оддели и лаборатории, како и 11 независни и меѓународно признати експерти од Аргентина, Австралија, Канада, Кина, Франција, Маршалските Острови, Јужна Кореја, Русија, Велика Британија, САД и Виетнам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице загина, седум се исчезнати: Се…

Едно лице загина, а седум се водат…

Силен земјотрес од 6,3 степени ја погоди…

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени…

(Видео) Хаос: Први снимки од силниот земјотрес…

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според…

Демири: Нови грант проекти за три здравствени…

Министерот за здравство д-р Илир Демири и…

Јапонија ќе ја поддржи Украина со 37…

За време на посетата на Киев, јапонската…