(Видео) Јапонско чудо: Првото возило кое е комбинација на воз и автобус

t

Можете ли да замислите како би изгледало да се направи комбинација од воз и автобус и каде се би можело да оди таквото возило? Сега не мора да замислувате затоа што таквото возило навистина постои. Во саботата во јапонскиот град Каијо во префектурата Токушима беше претставено првото такво возило во светот. Освен што ќе се користи за привлекување туристи, ќе помогне и во транспортот на делови од бродови до тешко достапни делови од земјата.

Проектот се развивал долго време. Потребни биле 10 години за да се реализира. Се прашувате како функционира новото комбинирано возило? Вози со нормални гумени гуми кога е по автопат, но има челични тркала за возење по шини. Тие челични тркала излегуваат од долниот дел на возилото кога е време да се вози по шини. Целата трансформација од автобус во воз се случува за нецели 15 секунди.

Возилото може да собере со 21 патник и да достигне максимална брзина од 60 км/ч по шини и 100 км/ч по пат, а работи со дизел мотор. Достапно е во различни бои и треба да почне со работа по бреговите на островот Шикоку во јужниот дел на Јапонија. Освен поврзување на изолирани региони, возилото ќе овозможи патниците да уживаат во пејзажите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на луѓе постари од 100 години…

Бројот на луѓе постари од 100 години…

Во Токио се подготвува „Брза помош“ за…

На улиците на Токио наскоро би можело…

На 115 години почина најстарата докторка на…

Јапонија се збогува со д-р Шигеко Кагава,…

Америка ќе распоредува ракети во Јапонија —…

Русија денеска ги осуди претстојните заеднички воени…

(Видео) Тајфун со налети на ветер до…

Тајфунот Делфин ја погоди јужната јапонска префектура…