(Видео) „Јајца за Вучиќ“ – Граѓаните ги гаѓаа функционерите на власта во Ниш
Во Ниш попладнево се одржа состанок на највисокото раководство на Српската напредна партија на Вучиќ, а претставниците на власта беа пречекани и испратени со свирежи и јајца од студентите и демонстрантите.
До Офицерскиот дом, каде што се одржува собирот на Српската напредна партија, беше невозможно да се стигне поради силниот прстен формиран од метална ограда и полициски кордон. Во блискиот парк се собираа приврзаници на власта, кои требаше да одржат собир. Во исто време, студентите се собраа на улицата „7 јули“, која е во близина.
Како што пишуваат „Јужни вести“, на состанокот пристигнале членови на највисоките тела на СНС, а насобраните граѓани ги пречекаа со свирежи, додека некои и фрлаа со јајца кон нив.
Најлошо, се чини, помина градоначалникот на Ниш Драгослав Павловиќ, кој освен што беше гаѓан со јајца, гневните демонстранти го полеаја и со вода, додека полициските специјалци се мачеа да го одбранат.
Пред насобраните приврзаници на власта се појави само градоначалникот на Ниш, кој ги извести дека планираниот собир, на кој требаше да се обратат Ана Брнабиќ и Милош Вучевиќ, нема да се одржи, пренесува „Н1“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…