Објавено на:

(Видео) Ја остварува животната желба: Внук ја учи да вози својата баба која има 81 година

t

Винка Ѓорѓевиќ од Мали Вртоп во Србија, за првпат седна зад воланот дури откако надмина осумдесет години.

На 81-годишна возраст баба Винка, чие секојдневие најмногу е сведено на фарма, најмногу е задоволна од доаѓањето на нејзиниот внук Јован. Тие поминуваат време заедно на часови за возење, на кои таа особено се радува“, се вели во репортажата на РТС.

Баба Винка вели дека отсекогаш сакала да научи да вози, но кога била млада немала таква можност. Затоа, внукот сега и помага да ја оствари својата дамнешна желба која не ја напуштила ниту во деветтата деценија од животот.

Таа е упорна, многу сака да научи да вози добро“, вели внукот, Јован Митровиќ.

Таа вели дека и било многу необично да го прави тоа, но на крајот од секое возење и е многу интересно.

На прашањето какви гуми има моментално, баба Винка одговара:

Претпоставувам летни гуми“.

Во однос на брзината со која вози, баба Винка вели дека што и да реши внукот, таа го слуша.

Таа ги испробала автомобилите „лада“, „голф“, „баги“ и други автомобили на нејзиниот внук. Сепак, нејзин омилен е олдтајмерот.

Најмногу ми се допаѓа „Фичо“. Тој е мал, а јас сум стара. Тоа функционира“, низ смеа вели баба Винка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…

„На здравје за молкот“

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…

Дебар Маало ќе се затвора за возила…

Со овој пилот-проект кој веќе е готов…