ВИДЕО | „Јовано, Јованке“ се слушна среде Чешка: Колумбиецот Јанко го изненади македонскиот келнер во Прага
Колумбиецот Јанко Пенафорт е професионален музичар и пејач кој со неговиот бенд го шета светот и пее песни од сите земји, но особено е фасциниран од македонската музика.
Откако го научил нашиот јазик, на својата фејсбук-страница „Колумбиец пее на македонски“ постојано објавува видеа како пее песни кои се дел од македонскиот фолклор.
Последното видео кое е објавено на социјалните мрежи е доказ за тоа, каде Јанко му подготвил изненадување на македонски келнер кој работи во ресторан во Прага, Чешка.
Во видеото може да видиме како Колумбиецот го прашува келнерот од каде потекнува, на што тој му одговара: „Од Македонија“. Во истиот момент тој со неговиот бенд започнува да ја пее „Јовано, Јованке“, а македонскиот келнер воодушевено ги слуша.
Но, изненадувањето не беше само оваа песна, Јанко продолжи да ги пее и популарната песна на Спасен Силјаноски „Ќе ти дојдам“ и „Велат не нема“ од Влатко Миладиновски.
Патем, овој музичар ја има посетено Македонија кога и објави фотографија на која позира на Камениот мост во Скопје. А, за нашата музика вели: „Како музичар од Колумбија, мислев дека сум слушнал сè. Ритми, мелодии, приказни што ги раскажува музиката… но потоа ја открив македонската музика. И да ви кажам, тоа е нешто што никогаш досега не сум го слушнал“.
https://www.facebook.com/stories/122096922140626895/UzpfSVNDOjk5NDcwMTI4MjgxNDk4NA==/?view_single=1
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…