(Видео) Јотова за Ива Михајлова: Утрово дознав дека е во Бугарија, не знам како ја напуштила Македонија
Бугарската претседателка Илијана Јотова изјави дека дури утрово дознала дека Ива Михајлова се вратила во Бугарија и дека нема информации под кои околности ја напуштила Северна Македонија.
„Разбрав дека таа веќе е во Бугарија откако излегов од телевизиско студио на БТВ. Претпоставувам дека сега ќе биде прегледана во ‘Пирогов’. Ќе почекаме да видиме каков е заклучокот на бугарските специјалисти. За жал, во овој момент не можам да дадам повеќе информации“, изјави Јотова.
На прашањето дали знае како Михајлова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова рече дека сè уште има многу неразјаснети околности.
„Ќе видиме. Сè уште има многу нејасни околности. Мислам дека надлежните органи во Бугарија прво треба да дадат изјава“, рече таа.
Јотова додаде дека е подготвена лично да се сретне со Михајлова штом нејзината здравствена состојба го дозволи тоа и оцени дека нејзиното враќање во Бугарија не претставува безбедносен ризик.
Ива Михајлова е обвинета во Македонија за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици и против неа се води судска постапка во Кочани. Според официјални информации од МВР, во граничниот систем нема регистриран податок дека таа ја напуштила земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар во куќа во Карпош
Вчера изутрината бил пријавен пожар во куќа…
Двајца возачи уапсени за безобѕирно управување: Едниот…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…
Еве како победи ДУИ во Брвеница: Полн…
Гласачи од дијаспората дошле со авион за…
Почина Самка Ибраимовски
Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за…
Русија концентрирала десетици илјади војници на запорошкиот…
Руските сили концентрирале десетици илјади војници и…