Објавено на:

(Видео) Њујорк Тајмс: Вака Путин 20 години си игра со Западот

t

Њујорк Тајмс објави компилација од снимки и напис во кој, како што пишуваат, се гледа како изгледале годините на Путиновата измама и замајувањето на западните лидери.

Снимките од меѓународните состаноци и говори во изминатите 20 години покажуваат дека Владимир Путин е срдечно примен од светските лидери, вклучувајќи го и поранешниот британски премиер Тони Блер и поранешниот американски претседател Џорџ Буш.

„Дури и едноставно да одлучија да му дадат шанса за политички цели, тие преземаа ризик од историски размери – биди фин со Путин и можеби тој убаво ќе ти врати“, пишува Адам Вестбрук. „Иако е дискутабилно дали западните влади можеле да ги предвидат крвавите визии на Путин, да бидеме јасни за една работа: личната дипломатија не функционира кога ви е најпотребна“, продолжува Вестбрук.

Додека беше на власт, Буш рече за Путин: „Утврдив дека е многу отворен и доверлив. Можев да ја почувствувам неговата душа. Немаше да го поканам на мојот ранч ако не му верувам“.

Во исто време, Блер рече: „Улогата што Русија ја одигра во меѓународната заедница од 11 септември е извонредна“.

Додека претседателот на Франција, Никола Саркози го опиша Путин како „многу интелигентен“. За време на неговото претседателствување со Соединетите држави, Барак Обама ја пофали „извонредната“ работа што Путин ја направи за својот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фајненшл тајмс: Саудискиот крал Бин Салман го…

Високи британски пратеници го опишаа пријавениот потег…

Путин: Русија и Иран „градат моментум“ во…

Двете нации соработуваат на различни полиња, од…

Иранскиот претседател пристигна во Москва

Ебрахим Раиси треба да се сретне со…

Путин: Доминацијата на западните банки се ближи…

Според рускиот претседател, новите технологии му се…