(Видео) ЌЕ ОДГОВАРА ЛИ ПРЕМИЕРОТ ЗА ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА ЗА КОЧАНИ?! Апасиев поднесе кривична пријава за попречување на правдата, го обвини Мицкоски дека заштитува седум лица одговорни за трагедијата!
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев кажа дека поднеле кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи сметаат дека тој ја попречува правдата кога во прашање е случајот за пожарот во Кочани. Според нив, гледаат судир на интереси помеѓу републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски и Мицкоски, бидејќи иако започнала постапката за разрешување, таа е стопирана. Според Левица, за возврат, Коцевски не ги гони функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, за кои, тие сметаат дека имаат вина.
„Сите седумина мораше да бидат опфатени во истрагата. Сметаме дека нудењето корист е прво овие вмровски функционери да не бидат опфатени, некои му биле советници на Панче Тошковски и имале шеми за испомпување на пари од МВР. Договорот е да му го продолжат мандатот, а овие да го заштитат од кривичен прогон. Обвинението е криво поставено“, рече Апасиев.
Тој замерува што никој не е обвинет за корупција. Посочува дека како доказ предложиле и распит на премиерот.
„Се надеваме дека ќе смогне Обвинителството сили да го викне на распит“, додаде тој.
Потоа, тој објасни дека го пријавиле премиерот и за оддавање на службена тајна.
„Имаме обезбедено писмени докази“, посочи Апасиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…