(Видео) Џабе го сменивме името: Граѓаните скептични, никогаш нема да влеземе во ЕУ

t

Иако не ја вадат Европската Унија од уста, се чини дека политичарите не успеале да ги убедат граѓаните дека Македонија, барем во догледно време ќе биде дел од “европското семејство”.

Не поминува ден без во партиските, а и владини соопштенија да се нагласи дека Македонија мора да направи нешто за да влезе во ЕУ. По францускиот предлог, а особено по завршувањето на новогодишните празници повторно, исто како пред промената на името сите домашни и странски фактори почнаа да не убедуваат дека само уште Бугарите да ги внесеме во Уставот и влегуваме во ЕУ, ама после десет години…

Ги прашавме граѓаните што мислат, дали и кога Македонија ќе влезе во ЕУ.

Најголем дел од нив мислат дека никогаш нема да станеме земја-членка на ЕУ, велат со вакви политичари не е возможно. Еден дел сметаат дека има можност да бидеме членка на ЕУ, но дека тој процес ќе биде долг и нема да го изодиме во периодот кој премиерот Ковачевски го постави како можен рок, а тоа е 2023 година.

Мал дека имаат надеж дека во скоро време ќе бидеме дел од Унијата.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска пак повика на единство за членство во Европската Унија, додавајќи дека сѐ е во наши раце.

На заедничка прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, премиерот рече дека некои одлуки треба да се донесат поради сите граѓани во државата.

– Без оглед на партиската припадност мора да има конструктивност во име на граѓаните и единството. Имаме многу проблеми како држава, на старт на преговорите сме и имаме јасно поставена цел – членство во ЕУ до 2030 година. Цел која е можеби преоптимистичка, но и не невозможна – рече Ковачевски.

Тој во обраќањето кажа дека ниедно политичко прашање нема да му го одвлече вниманието од евроинтеграциите.

– Имаме јасен план и поставена цел дополнителна движечка сила за побрз реформски процес, сега треба да се фокусираме на спроведувањето на реформската агенда – потенцира Ковачевски

ЛИНК од анкетата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Портпаролот на ЕУ: Војната во Украина ќе…

Европската унија има јасен и дефиниран став…

Нели нема корупција во ЕУ? 22 лица…

Во акција на полициите на Италија, Австрија,…

Маричиќ: Ова се избори за членство на…

„Крајната цел на овие избори е што…

Туркаљ: Македонската политичка елита да одлучи –…

Хрватскиот правен експерт за Западен Балкан и…

Мецола: ЕУ не може да се проширува…

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, рече…