(Видео) Џаро објаснува како се местат ждрепките за Светско
Ако некој е експерт за фудбалски натпревари, стратегии, па и местење на истите, тоа секако е македонската легенда Велибор Џаровски – Џаро. Во новата „Еден на еден“, покрај тоа што предвидува кој ќе игра во финалето на Светското првенство кое во моментов се игра во Катар, Џаро зборува и за тоа како се мести ждрепката и извлекувањето на групите.
Тој тврди дека самата ждрепка е побитна од понатамошното класично местење на натпреварите, затоа што со ждрепката се избегнуваат „финалињата пред финалето“, а со тоа се обезбедува повеќе пари од телевизиските права – колку подолго во игра се главните екипи од кои доаѓаат најмогу пари, толку подобро.
Вака се мести, во куглата има осум топчиња, од кои четири се греат и се топлат, а четири се ладни. Тој што влече знае дека не смее да се падне топла со топла топка или ладна со ладна, објаснува тој.
Џаро во „Еден на еден“ во недела од 18.30 на Канал 5 зборува и за тоа што ќе се случи со војната и со Путин, како Весли Кларк им се извинувал на Ѓорѓиевски и Трајанов за Аркан, како ја организирал момачката вечер на најпознатиот македонски бизнисмен и уште многу други анегдоти.
https://www.facebook.com/EdenNaEden/videos/456970806518742/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка издвојува нови средства за Амазонија по…
Норвешка најави 600 милиони норвешки круни за…
Француски експерти бараат построги правила за вештачката…
Француска експертска комисија предложи посилна контрола врз…
(Видео) Пожар на гасна платформа во Иран:…
Пожар избувна на платформата SPD14D во рамките…
Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…
МОН најавува поголема поддршка за науката: Пристап…
Министерството за образование и наука соопшти дека…