(Видео) Џафери: Се врши изборен инженеринг!
Техничкиот премиер Талат Џафери одржа прес-конференција на која порача дека добил извештаи за изборен инженеринг со цел менување на соодносот на бројките во Собранието преку политички договор на маса.
„Во својство на премиер на Владата, сакам да ги информирам сите граѓани, како одговорен за успешноста на изборниот процес, имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос за обиди за изборен инженеринг со вонинституционален партиски договор за гласање и надгласување во ДИК, во однос на симптоматичните приговори од страна на учесниците во изборите. Според извештаите овие претензии се изборен инеженеринг и имаат за цел менување на соодносот на бројките во Собранието преку политички договор на маса. Кредибилноста на изборите и на демократскиот процес прифатени и поздравени од сите учесници и од меѓународните институции сега е во рацете на Управниот суд, и јас ги поканувам сите институции да постапат согласно законот, без партиски и политички директиви и да го штитат кредибилитетот на изборниот процес“, изјави Џафери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…