(Видео) 10.000 исчезнати во Либија: Апокалипса во Дерна, градот исчезнува, а телата лежат насекаде
Откако пукна браната за време на силно невреме, четвртина од градот Дерна во источна Либија е уништен во поплави. Најмалку 2.000 луѓе загинаа во невидени поплави, објавија либиските власти.
„Се вратив од Дерна, таму е голема катастрофа. Телата лежат насекаде, во морето, во долините, под зградите“, изјави за Ројтерс Хичам Чкиват, министер за цивилна авијација на Либија и член на Комитетот за вонредни состојби.
„Беа извлечени телата на најмалку 1.000 мртви луѓе. Бројот на жртвите се очекува да биде исклучително голем. Не претерувам кога велам дека 25 отсто од градот исчезна. „Многу згради се урнаа“, рече тој.
Репортерот на Ројтерс видел превртени возила на патиштата, паднати дрвја и напуштени, поплавени куќи на патот кон Дерна. Конвои со помош се упатија кон градот. АП објави дека повеќе од 10.000 се водат за исчезнати.
Едно видео кое се појави на Фејсбук, чија автентичност не е потврдена, покажува десетици тела покриени со ќебиња на тротоарите на Дерна.
WATCH: Catastrophic flooding hits Derna, Libya after dams collapse during Storm Daniel, more than 2,000 people feared dead pic.twitter.com/WP7LquuOCa
— BNO News (@BNONews) September 12, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…