(Видео) 100-годишниот поранешен претседател на САД гласаше по пошта
39-от претседател на САД и добитник на Нобеловата награда за мир во 2002 година, Џими Картер, кој го прослави својот 100-ти роденден на почетокот на октомври, оваа среда по пошта гласаше за кандидатката на демократите Камала Харис, со што ја оствари својата последна желба, соопштија американските власти.
Веста беше потврдена од портпаролот на Центарот Картер, организацијата што тој и неговата покојна сопруга ја основаа во 1982 година, која ги поддржува демократијата и човековите права ширум светот.
Иако официјално не беше објавено дека Картер гласал за Харис, во август неговиот внук Џејсон Картер истакна дека неговиот дедо „никогаш во животот нема да ги поддржи републиканците“ и се надева дека ќе живее уште малку за да го даде својот глас за Харис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) 100-годишниот поранешен претседател на САД гласаше…
39-от претседател на САД и добитник на…
Рекордна излезеност во Џорџија на првиот ден…
Во американската држава Џорџија вчера беше надминат…
Белата куќа: Харис е физички и ментално…
Белата куќа денеска објави извештај за здравствената…
Путин го разреши Анатолиј Антонов од функцијата…
Претседателот на Русија, Владимир Путин, со указ…
Пентагон: САД не сакаат војна со Иран
Портпаролката на американското Министерство за одбрана, Сабрина…