(Видео) 14 кражби од вечното почивалиште на Ѓорѓи Ѓоргиев, тапанарот на ДНК
Татко на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, Драги, на Фејсбук сподели видео објава во која повторно реагира на, како што тврди, кражби од гробот на неговиот син.
На видеото што го сподели Драги, може да се забележи како повозрасна жена од пред гробот краде саксии со цвеќе.
Во емотивната објава, тој наведува дека ова е 14-ти пат гробот на Ѓорѓи да биде ограбен.
„14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот. Да ми си здрава и жива тетке, која ли да си, и да ти се здрави и живи децата“, напиша Драги Ѓоргиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Русија се обидува да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Се бара укинување на ветото во ЕУ,…
11 земји членки на Европската Унија побарале…
Кипар со најголем пад на туризмот во…
Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…
Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…
Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…
Нападнат работник на „Градски паркинг“ на паркиралиште…
Вчера во 23:50 часот во СВР Скопје,…