(Видео) 28 луѓе загинаа во пожар во фабрика за чевли во Кина
28 луѓе загинаа денес во пожар во фабрика за чевли во југоисточна Кина. Пожарот избувнал напладне по локално време на првиот кат од петкатна бетонска зграда, во која се наоѓале работилница и магацин, во градот Џинџијанг, во покраината Фуџијан.
Причината за пожарот засега е непозната.
Во времето кога избувнал пожарот, во зградата имало 237 работници, како и двајца посетители.
Властите извлекоа 213 лица од пламенот, од кои двајца беа прогласени за мртви откако беа однесени во болница. Подоцна беше потврдено дека уште 26 исчезнати лица се мртви.
Сопственикот и менаџерите на фабриката беа уапсени, а сметката на компанијата беше блокирана.
Меѓу материјалите што се запалија имало лесно запаливи делови од обувки, што придонело за брзото ширење на пожарот.
Претставник на локалната противпожарна служба изјави дека отпадниот материјал натрупан на скалите им го отежнувал на пожарникарите пристапот и гаснењето на пламенот.
Џинџијанг е важен центар за производство на обувки и облека и е познат како „главен град на обувките“ на Кина.
Според официјалните податоци, илјадници компании во тој град произвеле повеќе од 1,2 милијарди пара чевли во 2024 година, што е 20 проценти од вкупното светско производство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас: Годинашниот извештај е подобар од претходниот,…
Евроамбасадорот Михалис Рокас оцени дека Македонија во…
Последен пат го направи ова денот кога…
Руското Министерство за надворешни работи повторно им…
Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…
Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…
Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…
Барнам: Путин нема да биде поканет на…
Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…