(Видео) Google откри „невидлив авион“

t

„Дух“ е можеби најaдекватното име за леталото кое е дизајнирано да биде речиси невидливо, но ниту најдобрата стелт технологија на B-2 бомбардери очигледно не може да се сокрие од очите на сателитите на Google.

Стелт бомбардерот B-2 е снимен на сервисот Google Earth како прелетува преку една фарма во Мисури.

Леталото кое вреди две милијарди долари го забележа корисник на Reddit кој ја сподели објавата на социјалните мрежи, а под објавата се напишани повеќе од 3000 коментари.

На снимката се гледа бомбардерот B-2 кој ги прелетува руралните предели западно од Канзас Сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Google откри „невидлив авион“

„Дух“ е можеби најaдекватното име за леталото…