[Видео] „Kawasaki“ претстави револуционерен мотоцикл на хидрогенски погон

t

„Kawasaki“ неодамна претстави револуционерен прототип на мотоциклот „Ninja H2 HySE“, за кој велат дека е првиот на светот кој вози на водород.

Ова не е првиот нивен таков потфат, бидејќи соработувале со гиганти како што се „Yamaha“, „Suzuki“, „Honda“ и „Toyota“ во рамките на конзорциумот „HySE“, за да внесат револуција во светот на мотоциклите.

Базиран на постоечкиот модел „H2“, „H2 HySE“ одзади има канистери или резервоари кои би требало да чуваат дополнителни резерви на водород, а моторот има карактеристики на класичен мотор кој вози на фосилни горива.

Срцето на овој мотоцикл е четирицилиндарски 999 ccm кој развива до 197 коњски сили, а естетиката отстапува од традиционалната „Kawasaki“ зелена, па интегрирани се нијанси на карбон сина со што е нагласен алтернативниот извор на горива.

Порано овој модел бил прикажан само во рендери, а сега добивме повеќе информации за дизајнот, но сè уште не знаеме какви точно карактеристики ќе има, бидејќи се претпоставува дека „Kawasaki“ ќе ни го открие тоа подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ученици од Кавадарци продаваа крофни и организираа…

Младите хуманитарци од Кавадарци под името ,,Подари…

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија…

„Со цел да се зголеми подготвеноста на…

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Вчера околу 14:45 часот во СВР Охрид…

(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…

На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…

Маск верува дека доларот може да стане…

Eлон Маск предизвика бројни реакции поради објавата…