(Видео) Oбјавeна снимка од израелски заложници кои врискаат кон Нетанјаху: Пушти ги Палестинците за да си одиме и ние дома
Палестинската група Хамас објави видео на кое се гледаат три жени заробени за време на нападот во Израел на 7 октомври.
Една од жените дава кратка изјава, критикувајќи го одговорот на Израел на заложничката криза и испраќајќи порака до премиерот Бенјамин Нетанјаху.
„Ние сме во заробеништво на Хамас 23 дена. Вчера имаше прес-конференција за семејствата на затворениците и знаеме дека требаше да има прекин на огнот, а вие да не ослободите. Но ние ги трпиме вашите политички , безбедносен и воен неуспех, поради „неуспехот“ што го направивте на седми октомври, затоа што немаше војник во градот и никој не дојде кај нас, и никој не не бранеше овде, а ние сме невини и наивни граѓани, “, вели жената на видеото.
Таа продолжи да бара Израел да ги ослободи сите Палестинци од затворите, за да можат сите да си одат дома.
„Граѓани кои плаќаат даноци на државата Израел, сега сме во затвор. Вие не убивате. Дали сакате да не убиете сите? Сакате војската да не убие. Дали не е доволно што ги заклавте сите? Зарем не ви е доста што граѓаните на Израел беа убиени? Ајде да одиме сега. Ослободете ги сега нивните граѓани и затвореници (се мисли на Палестинците). Ослободете не. Пуштете ги сите, ние заслужуваме да се вратиме кај нашите семејства, сега!“, вели таа на крајот од видеото.
Се верува дека Хамас држи 239 затвореници.
Половина од заробениците се луѓе од 25 странски земји, меѓу кои 54 Тајланѓани, 15 Аргентинци, 12 Американци, 12 Германци, шест Французи и шест Руси.
Hamas just released a new video footage saying "a number of Zionist prisoners held by Al-Qassam send a message to Netanyahu and the Zionist government". pic.twitter.com/H7fjOUm8HB
— Clash Report (@clashreport) October 30, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…
Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…
Вечерва се активни седум пожари, денес на…
Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…
Два сребрени и еден бронзен медал за…
Борачите ги донесоа првите (три медали) за…
Трамп: Иран доживува целосен колапс
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…
Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…
Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…