(Видео) Xаоc во Германија: Bооpyжен Cиpиец влетал со комбе во продавници во Есен, 31 лице е повpедено
Вооружен Сириец (41) влетал со комбе во неколку продавници во германскиот град Есен, заканувајќи се со оружје и запалил две станбени згради, при што повредил 31 лице, меѓу кои две деца, чии животи се во опасност, јавуваат германските медиуми.
Според Противпожарната служба и полицијата, тој во саботата нешто по 17 часот запалил станбена зграда, а потоа запалил и куќа во друга улица.
После тоа, со комбето влетал во излогот и фасадата на продавница за зеленчук, а потоа се упатил кон друга продавница, кога излегол и извадил мачета.
На социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа како насилникот со оружје им се заканува на луѓето околу него. Случајните минувачи го држеле подалеку фрлајќи кон него разни предмети.

Според медиумите, полицијата на само неколку метри од продавницата за зеленчук го уапсила насилникот кој имал изгореници на рацете.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мртво бебе оставено во торба на улица…
Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…
BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…
Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…
Секој четврти вработен во Германија има имигрантско…
Германската економија во голем број сектори има…
Воен авион се урна во американска воздушна…
Воен авион се урна во американска воздушна…
Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…
Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…