Видиќ се повлече од трката за претседател на ФСС
Легендарниот српски фудбалер Немања Видиќ ја повлече кандидатурата за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), па така нема да учествува на изборите кои беа закажани за утре.
Собранието во српската куќа на фудбалот ќе биде одржано утре, а единствен кандидат за претседателската позиција е легендарниот Драган Џаиќ, кој речиси сигурно ќе ја преземе ФСС.
„Пред нашиот фудбал се големи предизвици. Многу работи може да се променат. Мојата идеја беше да ги соберат врвните професионалци за да ги решат проблемите, но за жал на секој чекор кон патот да станам претседател на фудбалскиот сојуз ми беше покажано дека таа шанса нема да ја добијам. Поради тоа, ја повлекувам кандидатурата за претседател на ФСС“, кажа Видиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…
За време на вчерашниот протест во Тирана,…
(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…
Голем пожар избувна во индустриската зона на…
Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…
Денес започнува обврската за зимска опрема
Како и секогаш, и оваа година остануваме…
Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…
Русија сака да одлучува наместо нас што…