Вие не коментирајте, да не го загрозите европскиот пат: Бугарија го викна нивниот амбасадор во Македонија на координација во Софија

t

Бугарија го повика својот амбасадор во Република Македонија, Ангел Ангелов, на консултации во главниот град.

Причината за неговото привремено враќање во земјава е сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месеци: подметнување пожар на Културниот клуб „Иван Михаилов“ – Битола во јуни 2022 година, три по ред напади на зградата на организацијата „Цар Борис III“ – Охрид, вклучително и пукање со огнено оружје на 24 ноември 2022 година, агресивната антибугарска кампања на социјалните мрежи во Македонија, бруталниот напад на 19 јануари, 2023 година на Христијан Пендиков, секретар на организацијата „Крал Борис Трети“ во Охрид, како и донесување во ноември 2022 година на дискриминаторскиот Закон за фондации и здруженија во Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи.

Целта на консултациите е да се разговара за можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за понатамошен развој на билатералните односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Румен Радев ја повика Европа на дијалог…

Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…

Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…

Бугарската влада во вторник се задолжи за…

18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…

Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…

(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…

Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…

Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…

„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…