Викендов до 39 степени: Македонија под удар на топлотен бран, УВ индексот ќе биде 9
Македонија во сабота и недела, 27 и 28 јуни, ќе биде зафатена од стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе донесе претежно сончево време и температури до 39 степени.
Утринските температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека максималните дневни ќе достигнуваат од 30 до 39 степени. Во Скопје се очекуваат околу 37 степени во сабота и до 38 степени во недела, додека во Битола температурите ќе се движат од 30 до 32 степени.
Ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен и североисточен правец. Во попладневните часови не е исклучена појава на изолиран краткотраен дожд со грмежи.
Особено внимание ќе биде потребно поради УВ индексот, кој се очекува да достигне вредност 9. Според скалата на Светската здравствена организација, ова ниво се класифицира како многу високо и носи зголемен ризик од оштетување на кожата и очите при подолго изложување на сонце.
На граѓаните им се препорачува да избегнуваат физички активности и директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот, да престојуваат во сенка, да носат лесна облека и редовно да внесуваат течности. Посебно внимателни треба да бидат повозрасните лица, децата, хронично болните и лицата кои работат на отворено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на Израел по нападот во Белград:…
Амбасадорката на Израел во Србија, Авивит Бар-Илан,…
Мицкоски: Очекувам добри односи со Србија и…
Премиерот Христијан Мицкоски вели оти очекува добрите…
Ковеси: Европското обвинителство ќе биде „тивко уништено…
Буџетски ограничувања и бирократска инерција ја загрозуваат…
(Фото) Апасиев во Москва се сретна со…
Делегација на Левица, предводена од лидерот на…
Путин: Илон Маск е вистински гениј!
Рускиот претседател Владимир Путин го пофали Илон…