Објавено на:

“Викенд на гордоста” во Скопје ќе се одржува двапати во јуни: “Ова е значаен јубилеј за ЛГБТИ заедницата”

t

Овогодинешното десетто издание на Викендот на гордоста во Скопје ќе се одржи од 2 до 11 јуни и од 15 до 17 септември во Музејот на современа уметност, МКЦ, КСП Центар Јадро и Станица 26. Темата на фестивалот е Екстатични тела.

„Ова е значаен за нас јубилеј, имајќи предвид дека првото издание во еден многу поскромен формат заврши, условно речено, со тоа што тогаш бевме физички нападнати во тогашниот ЛГБТИ центар во Старата чаршија. Напад кој што се’ уште не е разрешен.

Потоа следеја уште неколку години во уште потешки околности во кои работевме, во време на авторитарен и исклучително хомофобичен режим. Тие први години и во тој помал формат успеавме да издржиме па решивме да го направиме Фестивалот на квир уметност, култура и теорија со една високо квалитетна културна и уметничка програма во која ќе презентираме светски релевантни имиња кои се занимаваат со квир уметност, феминистичка уметност и особено со уметноста на перформансот.

Од кога почнавме со тој формат, ова е веќе седмо издание во кое што успеваме во овие услови, такви какви што се, успеавме да го одржиме иако не беше поштеден од сериозни напади од конзервативни групи на социјалните мрежи, па и од дел на медиумите, како што беше перформасот на Рон Ејти, а тие луѓе ниту го видоа, ниту го разбраа перформансот, но таа традиција продолжува и секоја година сме мета на хомофобични напади. Но, во крајна линија е само поголема мотивација за нас.

Списокот на уметници кои досега биле учесници говори за тоа што сме направиле досега, па вклучително и годинешнава програма, која ете како за инает, одлучивме не само во еден месец да се одржува, туку да ја распределиме во два месеци и да ја размножиме во текот на целата година“, вели за Утрински брифинг, Славчо Димитров, творецот на фестивалот.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин “омекна”? ЛГБТ заедницата е дел од…

Членовите на ЛГБТ заедницата и нејзината култура…

Орбан бара промени во ЕУ, луѓето сакаат…

Дојде време да се замени доминантниот дискурс…

Вучиќ: Стигна писмо дека мора да го…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека власта…

ЛГБТ парада денеска во Белград

Со „Прошетката на гордоста“ борците за правата…

ЕСЧП одлучи: Бугарија ќе треба да ги…

Бугарските институции мора да создадат правна рамка…