Објавено на:

„Викенд на мртовци“ во Врање: Им ги замениле мртвите…

t

Пред една недела семејство од Владичин Хан доживеало трагедија кога во Здравствениот дом – Врање починал маж (1962 година), кој има само една ќерка.

Заедно со таа трагедија се случило нешто бизарно, што предизвика дополнителна тага и стрес кај девојката и кај другите членови на семејството.

Имено, кога пристигнале во Владичин Хан и го отвориле сандакот, наместо лицето на нејзиниот татко, младата девојка видела непознато лице.

„Тоа беше шок за сите. Покрај сето она што го доживеавме, моравме да се вратиме во Врање и да исправиме туѓа грешка“, рече таа.

Пред околу една недела се случи нешто што го тера секој нормален да се запраша до каде може да достигне човечката негрижа, кога во Здравствениот дом од Врање беа заменети телата на две починати лица, пишува „ЈуГмедиа“.

Имено, тој ден во мртовечницата имало две тела. Додека роднините ги средувале документите, излегле од погребалното за да го земат телото на починатиот од Владичин Хан.

„Пресметавме дека знаат кој е кој врз основа на личните податоци, кои се внесуваат во секоја болница кога се прима пациент, па ги извршивме административните процедури, а тие го однесоа трупот од погребалното“ – вели соговорникот кој побара анонимност.

Ќерката на починатиот претпоставува дека главната причина за замената на починатите е тоа што телата не биле обележани, што е пропуст на одговорните за тие задачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Викенд на мртовци“ во Врање: Им ги…

Пред една недела семејство од Владичин Хан…

Хорор во училиште во Врање: Ученици биле…

Невиден случај на насилство меѓу ученици се…