Викенд-хаос на границите: На Евзони се чека и до два часа

t

Викендот донесе голем број патници кон грчкото крајбрежје, а на граничните премини повторно се создадоа долги колони и повеќечасовни задржувања.

Најкритична е состојбата на граничниот премин Евзони, каде што колоните од возила се протегаат сè до македонската страна на границата. Според информациите од патниците, за влез во Грција се чека и до два часа.

Зголемен интензитет на сообраќај е забележан и на преминот Дојран, каде што задржувањето достигнува околу час и половина.

За оние што патувањето го планираат во доцните вечерни или ноќни часови, состојбата е нешто подобра. Во тој период грчките власти не ги спроведуваат целосно проверките преку системот EES (Entry/Exit System), што овозможува побрз проток на возилата.

Во меѓувреме, на обиколницата кај Солун сообраќајот засега се одвива без поголеми застои и покрај градежните работи што се изведуваат на дел од трасата.

На возачите кои денес патуваат кон Грција им се препорачува да планираат дополнително време за патување, да понесат доволно вода и да бидат подготвени за подолг престој на граничните премини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затвор за лажни вести што ќе го…

Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

Нови правила за патување во Европа од…

Граѓаните на Македонија, како и на другите…

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…

Рама за победата на Студентската листа: Србија…

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…