Вилма Русковска денес повикана во Обвинителство да даде исказ по пријавата од Арафат Муареми

t

Обвинителката и екс-шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, попладнево е повикана да даде исказ пред обвинител во ОЈО Скопје по поднесената кривична пријава против неа од екс-директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми.

Како што дознава Инфомакс од извори во обвинителството, Русковска денес треба да даде исказ по обвинувањата против неа од страна на екс-директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми.

Муареми поднесе кривична пријава против Русковска откако ОЈОГОКК отвори истрага против него, и изврши претрес на работните простории на директорот. Според ОЈОГОКК, Муареми беше под истрага поради основано сомневање дека во неколку наврати ја злоупотребил својата функција да врши уцени на бизнисмени под закана дека ако не ги исполнат неговите барања ќе им отвори финансова истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Русковска и нуделе функција да прекине…

Истите личности кои ми нудеа да бидам…

Каде е Директорот на финансова полиција?

Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…