Винисиус се жали дека не му свират фаули
Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ја критикуваше арбитражата во шампионатот на Шпанија.
Бразилецот смета дека не е заштитен од грубите стартови врз него, напротив се пожали дека судиите него веднаш го санкционираат за поостар дуле.
– Кога ме фаулираат, судиите не ги вадат картоните. Штом првпат ги прекршам правилата, веднаш добивам картон. Не може играчот со најмногу фаули врз него да има најмногу опомени. Со Реал Мадрид тоа се случува постојано. Судијата вади картон во 89. минута, кога веќе 15 пати сум удрен. Подобро е да не го дава воопшто – ќе има повеќе време за играта. Не сакам да бидам во повластена позиција, туку сакам да реагираат кога треба и да даваат картони во оние ситуации кога треба да се дадат, изјави Винисиус.
Дваесет и двегодишниот Бразилец оваа сезона забележа 38 настапи за Реал Мадрид, постигна 18 гола и имаше девет асистенции. Тој доби и седум жолти картони
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…
За време на вчерашниот протест во Тирана,…
(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…
Голем пожар избувна во индустриската зона на…
Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…
Денес започнува обврската за зимска опрема
Како и секогаш, и оваа година остануваме…
Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…
Русија сака да одлучува наместо нас што…