Висок функционер на СДСМ е нов колумнист на Инфомакс: „И по бунда – бунда“ – ова е неговата прва колумна

t

Редакцијата на Инфомакс има нов колумнист кој во иднина ќе пишува под псевдонимот „Бравар“.

Се работи за истакнат член на партиското раководство на СДСМ кој соочен со предизвиците во партијата анонимно ќе и се обраќа на македонската јавност со цел да се случат вистински промени во работата на неговата матична партија, a партијата да се врати на идеолошките корени.

Првата негова колумна се однесува на добро познат партиски член и функционер, пратеничката Снежана Калевска – Ванчева која според него очајно ја извршува својата партиска функција.

Kолумната Ви ја пренесуваме во целост:

-Просто е неверојатно до каде оди арогантноста, безоразието и лицемерието на некои соцјалдемократи/ки , а богами и незнаењето !

Замислете , во новата Влада на РСМ, има само 4 жени ! За тоа првата жена- претседателка на Форумот на жени на СДСМ и актуелна пратеничка во македонскиот парламент – Снежана Калеска Ванчева, не чувствува ни грам одговорност, велејќи дека имало 40 % застапеност на жени во власта!

И упорно водителката ја прашува: Како е возможно 4 жени од 21 член на влада, да бидат 40 %? Нели е тоа 19 %? ?

Дотичната особа која треба да се бори за квоти и застапеност на жените во политиката не знае да ги пресмета процентите на жените во владата, но затоа пак многу добро знае да си ги пресмета процентите на фактурите за адвокатски услуги од државни претпријатија- министерства , јавни претпријатија и слично.

Тука не заостанува зад процентите кои треба да ги наплати нејзината адвокатска куќа , но заостанува зад застапеноста на жените во власта !

Јавно ја прашуваме координаторката на форум на жени на СДСМ : Колку жени има во македонската влада ?

Колку жени се директори на Јавни претпријатија, колку жени се директорки, раководителки во извршната власт, во институти, училишта, колку се државни секретари, итн ?

Очигледно дека коородинаторката воопшто не води сметка за положбата на жената во државата, а за тоа бевме сведоци неодамна кога даваше интервју за некоја ТВ пред собранието на РСМ во скапа бунда со сјајно крзно кое и го топлеше вратот, додека зборуваше за правата на жените – текстуални работнички !!!!

Замислете, за правата на жените кои наведнати над машините за шиење едвај заработуваат минимална плата , а можеби и плата под човечкиот минимум- 12.000 денари, и за таа плата работат од утро до мрак, во 3 смени, не знаејќи ни за сабота, ни за недела, ни за државен , а богами ни за верски празник !

Но, важно дека нашата пратеничка која се ,,бори“ за женските права си ги менува бундите според расположението на денот !

Пишува: Бравар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Многу чудна појава во Јапонија, илјадници…

Илјадници мртви риби ги прекриле бреговите на…

Прстен вреден 750.000 евра е пронајден во…

Раководството на еден од најпознатите хотели во…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Москва: Русија нема да дозволи „нацистичка држава“…

Во моментов, ниту Западот ниту Киев не…

Најмалку 17 повредени во судир на два…

Најмалку 17 лица се повредени во судир…