Витина ги подбра советниците од ВМРО-ДПМНЕ: Не сте ли свесни дека му штетите на Градот?! Заради вашето лицемерие не помина ребалансот на буџетот!

t

Повеќе е од јасно што се случи и што се случува, затоа што за се се зборува само не за суштината зошто оваа точка треба да се изгласа.

Амандманите поминаа иако беше укажано дка нема да поминат во Министерството за финансии, а се што се направи се направи за да има една помпа во јавноста дека ние ќе им помогнеме за субвенциите за електрична енергија на најранливите граѓани.

Нели сте свесни дека му штетиме на Градот, им штетиме на граѓаните и на себе како партија? – праша на денешната седница на Советот на Градот Скопје, координаторката на Советничката група За модерно Скопје, Ирена Витина.

– Нели сте свесни за суштината? Кој ќе ги врати изгубените две недели.

Претседавачот со Советот на Градот се обиде да ја спречи координаторката на групата “За модерно Скопје” да зборува 15 минути, колку што има право да зборува координатор.

– Беше потребно еден месец граѓаните да видат кој лаже, кој манипулира, кој си игра со чувствата на најранливите граѓани, дали амандманите беа поднесени за да се помогне на граѓаните или да се блокира буџетот? – додава Витина.

– Беше замолено да се направи интервенија да се искоригираат овие амандмани, не знам како може да си дозволите бивши министер за финансии да не ви помогне за тие амандмани да бидат вчитани во буџетот во МФ.

Во интерес на јавноста, да се потсетиме кој блокира, а кој прави се овој град да функционира и Скопје да стане модерно, истакна таа и уште еднаш ја објави снимката од говорот на раководителката на секторот за финансии која замоли да се интервенира во амандманите.

Заради вашето лицемерие и деструктивно однесување овој ребаланс не помна и овие амандмани не поминаа, а скопјани имаат право да ја знаат вистината, истакна Витина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Невреме со пороен дожд и грмежи…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПРЕД КЛИНИЧКИ: Смачкани се…

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на…

Тошковски откри кога ќе почнат да доаѓаат…

Во вечерашната емисија ClickPlus на ТВ21, министерот…

Прскање против комарци во сабота во Скопје,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…