Витина објави скандал: Приватни лица узурпираат училишен простор, продаваат алкохол, со оружје се заканувале на директори на средни училишта!

t

Советничката во Советот на Град Скопје, Ирена Витина, денеска на седницата на Советот во врска со издавање на спортски сали и училишни дворови на приватни лица истакна дека приватните лица го узурпираат училишниот простор, дури се закануваат на директори со оружје за да останат и да го узурпираат просторот.

– Ние денес разгледуваме една иницијатива која се однесува на воспитно-образовни и културни установи, многу солзи се исплакаа, многу загриженост, многу думи но забораваме многу факти.

Ќе почнам со спортските сали, да ве известам и потсетам дел од советниците дека постои закон и за основно и средно образование кој ги обврзува училиштата да формираат спортски клубови. Ако сме загрижени да го почитуваме законот, има начин како да се направи тоа, доколку овој член од Законот, член 31 од Законот за средно образование. Таму е одредено како се формира еден спортски клуб. Немам против да се формира приватен спортски клуб и било кој да заработува но првенствено треба да знаеме дека училиштата не се профитабилни институции. Доколку училиштата си функционираат како што е планирано со закон секој средношколец би имал ккао да го направи тоа во училиштето, многу е јасно дефинирано како е тоа возможно.

Да ги поттикнеме директорите да си ја работат работата, да се вклучат професорите по физичко и тоа да функционира. Да не ја замајуваме јавноста дека ќе кубеме коса овде дека некој немал право да тренира, тоа не е вистина, секој спортист знае колку термини се слободни во спортските сали.

Мој личлен став е дека школските дворови не треба да се издаваат, се работи за воспитно-образовни установи.

Прашајте ги директорите со какви проблеми се соочуваат, како се судат со овие што ги изнајмиле дворовите, не можат да ги иселат. Не може на сметка на приватни интереси да си го казнувам моето дете кое сака да спортува, уште коцкарници не отворија во средните училишта, оти алкохол и кафичи сме свесни дека има.

За сумата која ја плаќаат овие приватни лица на училиштата да не зборувам, на една седница која за среќа не бев присутна се разгледуваа ревизорски извештаи, се квалификуваа лопови, сега некако е друг ставот, сега сте се преиспитале дека не е така.

Директорите бараа од Комисијата за образование да им помогнеме затоа што некој си дозволил да узурпира школски двор. Не може да ги исели, со ножеви и пиштоли му се закануваат.

Од мое лично искуство ви кажувам , ви шефуваат дома, присилно ги иселував со судска пресуда додека бев директор. Тоа се воспитно-образовни институции.

Во однос на објектите од култура не може да дозволиме за 50 евра да се располага простор од 100 квадрати на месечно ниво, посочи Витина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…