Виткоф оди во Москва на средба со Путин
Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф, планира во текот на оваа недела да ја посети Москва и да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Иако е назначен од Трамп за специјален пратеник за Блискиот Исток, Виткоф има и важна улога во дипломатската офанзива на САД за крај на војната во Украина.
Тој требаше заедно со државниот секретар Марко Рубио да учествува на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски за прекин на огнот во војната со Русија.
Виткоф веќе се сретна со Путин во Москва во февруари и издејствува ослободување на американскиот наставник Марк Фогел, осуден во Русија на 14 години затвор поради поседување марихуана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 438 илјади животни ќе се вакцинираат…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна…
Мицкоски: Адвокати и компании свесно се договараат…
Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека адвокатски друштва…
Трајанов: Сега е времето да ги бараме…
Националниот координатор за борба против тероризмот, Павле…
НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…
Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…