Објавено на:

Виткоф: Очекувам успешен разговор меѓу Трамп и Путин

t

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи на ставање крај на руската војна во Украина, денеска изјави дека очекува претседателот на САД Доналд Трамп утре да има „успешен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој изрази уверување дека разговорот значително ќе придонесе за „утврдување каде се наоѓаме и како да ги завршиме овие преговори“.

– Верувам дека претседателот Трамп ќе има успешен разговор со Владимир Путин. Тие се познаваат. Претседателот е решен да направи нешто … Ако тој не може, тогаш никој не може, истакна Виткоф во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

На прашањето дали се согласува со изјавата на потпретседателот на САД Џеј Ди Венс дека руските барања се претерани, Виткоф рече дека неговата „проценка е оти ова е многу комплициран конфликт што не требаше да се случи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…

ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…

Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…

Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…

Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…

Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…

Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…

Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…

На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…